
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Потоа во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.