
Градоначалникот на Кирхберг во Австрија, Франц Хофер, утрово убиен во атентат извршен врз него од страна на засега непознат сторител.
Во земјата веднаш е покрената голема полициска акција, а напаѓачот е во бегство.
По грозоморното убиство алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството распоредени се и оклопни возила „Кобра“.
Откако пукал, напаѓачот се упатил во непознат правец. Нападот се случил околу 9:15 часот. Информацијата ја потврди и Канцеларијата на гувернерот на државата, Томас Стелцер.