
Четиригодишното дете Хадис, кое доцна попладнето беше пријавено како изгубено во скопската населба Ченто, е пронајден вечерва, објави неговиот татко на социјалните мрежи.
„Благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте во големата акција да се најде детето. Детето е пронајдено живо и здраво. Фала ви од срце на сите!“, напиша таткото.
Исчезнувањето на малиот Хадис беше пријавено и во полиција, со чија помош тој е пронајден.