
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (31.10.2024) оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Н.Е. Адела Моника Аксинте. На средбата беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи и соработка која се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.
Соработката меѓу двете полиции вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.

На средбата беше разговарано и за следните активности како организирање и учество на заеднички обуки и тренинзи, застапување на заедничките интереси со цел континуиран процес на унапредување на капацитетот на двете полиции во борба со сите видови криминалитет и транснационалниот организиран криминал.
Амбасадорката Адела Миника Аксинте потенцираше дека Романија ќе продолжи и во иднина да биде лојален поддржувач и пријател на Македонија, особено во евроинтеграцискиот процес.