
УНИЦЕФ денеска повика на итен прекин на огнот, наведувајќи дека овој месец во Либан секој ден гине најмалку едно дете, а најмалку десет се ранети.
„Тековната војна во Либан ги сврте животите на децата наопаку и во многу случаи предизвика сериозни физички рани и длабоки емоционални лузни“, нагласуваат од УНИЦЕФ во соопштение.
Според податоците на либанското Министерство за здравство, од почетокот на конфликтот меѓу либанскиот Хезболах и Израел во октомври минатата година, се убиени 166 деца, а најмалку 1.168 се ранети.