
Масовно пукање поврзано со шверц на дрога во западна Франција остави пет лица тешко повредени, меѓу кои и еден тинејџер, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретало, пренесува Гардијан.
Престрелката избувна во текот на ноќта пред ресторан во Поатје, изјави Ретаљо за радиото BFMTV/RMC во петокот.
– Она што започна како пукање во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во која учествуваа неколку стотици луѓе. 15-годишното момче е во многу тешка состојба, рече министерот.
Тој предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што е хоспитализирано уште едно петгодишно дете, застрелано во саботата во уште уште еден судир на банди поврзани со дрога.