
Младиот ракометен голман Иван Галевски се подготвува за претстојните два квалификациски натпревари за ЕП, каде избраниците на Кирил Лазаров ќе се сретнат со селекциите на Естонија и Литванија.
Чуварот на мрежата на Алкалоид е поради повикот во националниот тим и за него преставува чест и задоволство.
„Ова е мој прв повик за официјални натпревари во репрезентацијата. За мене е огромна чест, но чувствувам и огромна одговорност. Играме два меча со Естонија и Литванија, противници кои заслужуваат голем респект, но ние ќе дадеме максимум од себе и одиме на победа.
Мислам дека тука сум за да го оправдам повикот од селекторот и ќе се обидам да одговорам максимално на задачите. Ако ми се укаже шанса за настап, ќе бидам комплетно фокусиран и ќе го пружам најдоброто од себе за победа на нашиот национален тим“, изјави Галевски.