
Земјотрес во понеделникот вечерта беше полувствуван во Македонија. Според првичните податоците, потресот бил регистриран на границата меѓу Македонија, Србија и Косово, a е регистриран во 19 часот и 35 минути.
Информацијата е објавена и на официјалната страна на Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, според чии податоци земјотресот почувствуван и кај дел од жителите на Скопје.
Сѐ уште не се објавени податоци за јачината на земјотресот.