
Во Македонија утрово е студено со услови за слаба магла или ниска облачност по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево.
Утринските температурите се движат од минус 5 до 6, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во опсегот меѓу 12 и 20 Целзиусови степени.
Во Скопје утрото е постудено со услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево и претежно тивко. Температурата ќе достигне до 20 степени.