
На Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство, нашата делегација оствари средба со Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси, на која беше потврден огромниот придонес кој нашата држава го дава за јакнење на меѓународната полициска соработка преку учество во активностите и иницијативите на ИНТЕРПОЛ. Од негова страна е понудена отворена поддршка во име на Организацијата за јакнење на капацитетите на македонската полиција.
Беа одржани и низа билатерални средби со делегациите од Австралија, Молдавија, Србија, Бразил и САД, на кои беа дискутирани актуелни прашања од заеднички интерес, во насока на брза и ефективна размена на информации и воспоставување на заеднички истраги во борбата против организираните криминални групи, финансискиот криминал, корупцијата и сајбер безбедноста.
Македонската полиција со сигурност се доближува кон достигнување на високите стандарди на полициско работење.