
Од Авто мото сојузот на Македонија утринава информираа дека сообраќајот кон Пониква и кон селото Бели се одвива непречено по една коловозна лента.
Од страна на граѓани, како што стои во соопштението од АМСМ, е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од јавното комунално претпријатие Водовод од Кочани, но не и возила од други општини.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.