
Инфлацијата во Србија во октомври изнесуваше 4,5 отсто, што гувернерката на Народната банка на Србија (НБС) Јоргованка Табаковиќ во средата го оцени како „граници на планираната цел“, оценувајќи дека во следните две години ќе се движи во предвидениот опсег од 1,5 до 4,5 проценти.
Табаковиќ, презентирајќи го извештајот за инфлацијата во 2024 година пред медиумите, истакна дека таа во октомври била „малку повисока од очекуваната“ поради негативните ефекти од летната суша и повисоките цени на овошјето, зеленчукот и другите земјоделски производи. Потсети дека инфлацијата во март лани била повеќе од 11 отсто, а таа е преполовена и во последните месеци изнесува околу пет отсто.
Челничката на НБС смета дека до 2026 година инфлацијата ќе остане во предвидените граници од 1,5 до 4,5 отсто. Гувернерката, исто така, тврди дека Србија има „одржливи јавни финансии“ и дека надворешната позиција на земјата е зајакната, како и дека девизните резерви на државата се „на рекордно ниво“.
Таа очекува дека Србија, откако неодамна доби инвестициски рејтинг, ќе има поволни и позитивни ефекти во однос на финансирањето на државниот и приватниот сектор, со „дополнително признание“ на светската инвестициска мапа.