
Јапонската принцеза Јурико Такаги – најстариот член на царското семејство во Јапонија и сопруга на помладиот брат на царот Хирохито, почина денеска во Токио.
Таа имаше 101 година.

Јурико е родена во 1923 година во тамошно благородно семејство. На 18-годишна возраст, неколку месеци пред почетокот на Втората светска војна, се омажила за принцот Микаса – чичко на сегашниот цар Нарухито. Принцот Микаса Такахито почина во 2016, на 100-годишна возраст.
Официјално, причината за смртта на Јуруко не е објавена. Нејзиното здравје неодамна се влоши, а јапонските медиуми пишуваат дека принцезата починала од пневмонија.