
Во петокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Утринските температури се движат од минус 2 до 6, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 2 и 11 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер. Температурата ќе достиггне до 9 степени.