ВИДЕО| Две ракети паднаа во дворот на приватната резиденција на Нетанјаху

Две ракети беа истрелани врз приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја и паднаа во дворот на куќата, соопштија во саботата израелските безбедносни служби, нарекувајќи го „сериозен инцидент“.

„Околу 19 часот и 30 минути (по локално време) две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција“, соопштија од полицијата и домашната разузнавачка служба Шин Бет.

„Премиерот и неговото семејство не беа во резиденцијата“, додадоа тие, осудувајќи го „сериозен инцидент што претставува опасна ескалација“.

Ова не е прв напад на оваа резиденција. На 22 октомври, беспилотно летало беше лансирано во правец на резиденцијата и погоди „структура“ во Цезареја, соопшти кабинетот на премиерот.

Нетанјаху, кој исто така не беше таму тогаш, го обвини „Хезболах, сојузник на Иран“ дека „се обидел“ да ги убие него и неговата сопруга. Три дена подоцна, либанското шиитско движење ја презеде одговорноста за нападот.