Зеленски: Ракетите ќе зборуваат самите за себе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неделата дека проектилите „ќе зборуваат сами“, по извештаите дека Вашингтон му дал дозвола на Киев да изврши удари во длабочина на територијата на Русија со проектили од американско производство.

Двајца американски функционери и извор запознаен со одлуката претходно во неделата за агенцијата Reuters и за весникот The New York Times изјавиле дека тоа претставува значителен пресврт на политиката на Вашингтон во конфликтот Украина-Русија.

„Денеска многумина во медиумите велат дека добивме дозвола да преземеме соодветни дејствија. Но, ударите не се изведуваат со зборови. Таквите работи не се најавуваат. Ракетите ќе зборуваат сами за себе“, рече тој во редовното вечерното обраќање.

Агенцијата Reuters објави дека три добро информирани извора во неделата изјавиле дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги укинала ограничувањата кои претходно ја спречувале Украина да користи американско оружје со долг дострел за да изврши напади длабоко на руска територија.

Потегот на Соединетите ржави, нешто повеќе од два месеца пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20-ти јануари, доаѓа по неколкумесечните барања на Володимир Зеленски да ѝ дозволи на украинската војска да користи американско оружје за далечни напади на руска територија.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека таквата одлука ќе значи дека „земјите на НАТО се во војна со Русија.

„Одлуката на Вашингтон да ѝ дозволи на Украина да изведува удари длабоко во Русија со американски ракети со долг дострел може да доведе до Трета светска војна и ќе добие брз одговор“, изјави во неделата Владимир Џабаров, првиот заменик-шеф на комитетот за меѓународни прашања на Горниот дом на рускиот парламент за новинската агенција ТАСС, што е досега единствена реакција на некој руски функционер на оваа тема.

Одлуката на Вашингтон може да ги поттикне другите сојузници да се одлучат на таков чекор, особено Велика Британија, наведува агенцијата AFP. Но речиси истовремено со американските медиуми и париски Le Figaro објави дека Франција и Велика Британија дале согласност ракетите со долг дострел – SCALP односно „Storm Shadow“, што овие земји на НАТО веќе му ги испорачуваат на Киев, да може да се користат за напади на територијата на Руската Федерација

Полска веднаш ја поздрави одлуката на Бајден.

„На влегувањето на севернокорејските трупи во војната и масовниот руски ракетен напад, претседателот Бајден одговори на јазик што го разбира Владимир Путин“, рече полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на Х, придружувајќи се така на тврдењата во американските медиуми за наводната причина Бајден да го симне ограничувањето на кое речиси цела години инсистираше.

И Сикорски, како и неговите западни сојузници не дава ниеден доказ за присуство или учество на се вернокорејски војници во Русија. Покрај тоа, како што посочија и Москва и Пјонгјанг, таквата соработка би била врз основа на меѓудржавен договор и според меѓународното право севернокорејски единици легално би биле присутни на ериторијата на Русија. Впрочем и западните челници самите признаваа дека наводно севернокорејски трупи се во руската погранична област Курск, каде украинските војски кои продреа на почетокот од август по огромните загуби во жива сила и воена опрема се присутни само во гратчето Суџа целосно опколени и без шанси за добивање помош.