
Во вторникот во Македонија утрото е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд.
Утринската температура се движи од минус 6 до 1, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во опсегот меѓу 10 и 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината наутро има услови за појава на магла. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Темепратурата ќе достигне до 12 степени.