
На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на општина Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година.
-Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка и наш соборец и сопартиец.
Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа.
Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците.
Нека почива во мир, напиша на Фејсбук актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче.