
Тринаесетгодишно девојче е во критична состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар, пренесе Клик.ба.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница (СКБ) во Моастар, потврдија од оваа здравствена установа.
Според првите информации девојчето се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојчето паднало од шести кат. Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, а повеќе информации ќе бидат познати по истрагата.