Хезболах: И по прекинот на огнот со Израел, продолжуваме да пружаме отпор

Либанскoто шиитско движење Хезболах во средата вети дека ќе го продолжи својот отпор и ќе го поддржува палестинскиот народ и борци, ден по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу групата и Израел.

Во првата изјава од оперативниот центар на Хезболах по објавувањето на договорот, движењето директно не го спомна договорот за прекин на огнот.

„Операциската соба на Исламскиот отпор потврдува дека нејзините борци во сите воени дисциплини ќе останат целосно опремени за да се справат со аспирациите и нападите од израелскиот непријател“, соопшти движењето.

Додаваат дека нивните борци ќе продолжат да го следат повлекувањето на израелските сили надвор од либанските граници „со рацете на чкрапалото“.

Договорот за прекин на огнот вклучува повлекување на израелските сили од јужен Либан во рок од 60 дена, соопштија израелските власти.

Договорот, постигнат со посредство на САД и Франција, стави крај на најсмртоносниот конфликт меѓу Израел и Хезболах по војната од 2006 година. Израел сѐ уште ја води својата инвазија во палестинската енклава Појасот Газа прити сунитското милитантно движење Хамас.