
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринските температури се движат меѓу минус 4 и 1, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 11 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 10 степени.