Претежно облачно со дожд а на повисоките места снег

Во Македонија во петокот наутро по котлини има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринските температури се движат од 0 до 6, додека највисоките дневни во текот на денот соодветно ќе се движат во интервалот меѓу 5 и 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината, наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 9 степени.