
Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе осум лица вмешани во обиди за попречување на процесот на мобилизација во Украина, јавија украинските медиуми.
-Тие луѓе охрабрувале регрути да ја избегнат воената служба и ширеле лажни информации за вооружените сили на Украина, се вели во соопштението.
Меѓу осомничените е и жител на Киев кој со нож нападнал претставници на Територијалниот центар за мобилизација (ТМЦ) додека тие објавувале оглас. Брзата акција на воениот персонал и полицијата доведоа до негово навремено апсење. Сите приведени се обвинети по неколку членови од Кривичниот законик на Украина.