
Блокирана е банкарската сметка на ЈСП, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушовски.
Пред почетокот на вонредната седница во Советот на Град Скопје, Кушовски рече дека сметката е блокирана од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Тој не знаеше да каже колку точно изнесува долгот. Нагласи дека активно се работи на деблокада на сметката.