
Од 1 јануари можно е граѓаните да имаат повисоки сметки за струја, но точниот процент на поскапувањето сè уште не е познат. АД ЕСМ му понуди на ЕВН Хоум цена од 62 евра за мегават-час, што претставува зголемување од 3,3% во однос на сегашните 60 евра.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најавува конечна одлука следната недела, откако ќе бидат финализирани тендерите за струја за загуби во преносот и дистрибуцијата.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, вели дека клучната компонента за крајната цена е трошокот за загуби во мрежата, а анализите сè уште се во тек.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека покачувањето ќе биде минимално и ќе се однесува само на третиот и четвртиот блок, додека во првиот и вториот блок, каде што се мнозинството од домаќинствата, нема да бидат засегнати.
„Максимумот што може да се случи е покачување од 3 проценти во третиот и четвртиот блок, а за првиот и вториот блок да нема никакво покачување. Сметаме дека граѓаните во најзагрозените категории нема да почувствуваат притисок врз буџетите,“ изјави Мицкоски.