
Украинските власти денеска повикаа за „целосно“ членство во НАТО како единствена гаранција за безбедност наспроти руската инвазија, пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
-Убедени сме дека единствената вистинска гаранција за безбедноста на Украина, како и одвраќање за понатамошна руска агресија против Украина и другите држави, е полноправното членство на Украина во НАТО, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи во Киев.