
Во четвртокот ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 0 и 7, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 2 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, со температура до 8 степени.