
Во понеделникот во Македонија ќе преовладува променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во вечерните часови во југоисточните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од минус 1 до 5, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 9 степени.