
Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Demoskopika и објавено во вторник.
Прометот и профитот на мафијата ќе се зголемат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони аџии се очекуваат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата.
Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската ‘Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно.
Камора, која главно работи во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.
Организациите или поседуваат удели во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни бизниси.