
Утрото е студено, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринските температури се движат во опсегот од минус 6 до 4, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат меѓу 3 и 11 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 8 степени.