
Грчкото министерство за здравство покрена кампања под мотото „Нема гориво ако не носиш заштитна кацига“, чија цел е возачите на мотоцикли да ги поттикне да носат заштита на главата.
Поводот за ваков чекор беше смртта на 17-годишен мотоциклист на островот Крит, како и најавата на сопственик на бензинска пумпа дека нема да ги опслужува клиентите, ако не носат заштитна кацига.
Кон оваа иницијатива се приклучија и други министерства, а исто така ќе има и законски казни ако бензинските пумпи не ја почитуваат оваа одлука.
Возачите на мотицкли сочинуваат 23% од несреќите во Грција, и оваа земја е втора во ЕУ по Италија.