ChatGPT достапен за телефонски повици и пораки

Матичната компанија на ChatGPT – „OpenAI“, ја претстави новата функција WhatsApp, која им овозможува на американските корисници да разговараат со четбор.

Еден 15-минутен гласовен разговор со четбот месечно е бесплатен во САД, објави во средата „OpenAI“. Наместо тоа, корисниците надвор од Соединетите држави можат да испраќаат пораки до ChatGPT преку WhatsApp.

„1-800-ChatGPT беше лансиран на експериментална основа за да обезбеди поширок пристап до ChatGPT“, велат од компанијата.

Генеративната алатка за вештачка интелигенција забележа брз раст од нејзиното лансирање во 2022 година, надминувајќи 200 милиони седмични корисници во август.