
Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб.
Полицијата е на терен како и неколку амбулантни возила, а и хелихоптер на итната медицинска помош слетал во училишниот двор, јавија загрепските медиуми. На социјалните мрежи луѓто зборуваат и дека деца бегале низ прозорците.
Во Хрватска денеска е крај на првото полугодие во училиштата.