
Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска извршија претреси на повеќе локации во Тетово и тетовско, при што се пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.
– Денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во село Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од село Селце. Претресени се и три импровизирани тезги во Тетово, сопственост на С.М.(35) и М.А.(54), двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од село Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75.889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун, информираат од МВР.
Лицата, информираат од МВР, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.