
Македонската фудбалска репрезентација со актуелниот селектор Благоја Милевски ќе ги почне мартовските квалификации за пласман на Светското првенство 2026.
Ова доаѓа откако новоизбраниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ изјави денеска дека Милевски, засега, останува на селекторската должност.
Тој најави дека иднината на Милевски ќе зависи од постигнатите резултати.
– Нашата репрезентација има важни квалификации во март, и сè ќе зависи од резултатите и квалитетот на играта понатаму. За сите во фудбалот, па и за мене истото ќе важи и за селекторите – а тоа се резултатите. Во моментов Милевски е селектор на А-репрезентацијата и не планирам во тој поглед никакви промени. Нормално дека во иднина сè ќе зависи од резултатите и игрите кои ќе ги прикажат репрезентативците – рече Омерагиќ.