
Просечната месечна нето плата во Македонија за октомври 2024 година достигна 42.134 денари, што е зголемување од 8,5% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Највисок раст на платите се забележува во секторите Уметност, забава и рекреација (11,5%), Информации и комуникации (10,7%) и Образование (10,6%). Врвот на листата го држи секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, со просечна плата од неверојатни 97.404 денари.
Во споредба со претходниот месец, најголем пораст е забележан кај секторите Дејности поврзани со недвижен имот (7,5%), Образование (5,0%) и Градежништво (3,1%).
Во исто време, просечната бруто плата по вработен изнесувала 63.392 денари.