Александар Ивановски демантира дека има нeкаква поврзаност со спорниот документ за кој реагира италијанската амбасада во Македонија

Александар Ивановски нема никаква поврзаност со спорниот документ за кој реагира италијанската амбасада во Македонија, и никогаш не го видел истиот. Тој незнае од каде се појавил спорниот документ, ниту кој го изработил, вели во разговор за НетПрес, адвокатот Дарко Ал Блана, правен застапник на Ивановски.

Ал Блана дополнува дека никаков документ не му е потребен на Ивановски за склучување на преддоговор за својот недвижен имот, како што тоа е наведено во спорниот документ. Тој во името на својот клиент испрати демант на текстот на НетПрес под наслов „СКАНДАЛ: Mакедонски бизнисмен-градежник со незаконски документ сакал да ја продава италијанската резиденција на Водно“.

НетПрес демантот го објавува во интегрално.