
На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори.
„Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и со д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка“, соопштија од Клиниката за ортопедија.