Дани Олмо сѐ уште не може да биде регистриран за Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо нема да може да настапува за својот клуб Барселона во вториот дел од актуелната сезона, одлучи Стопанскиот суд во Барселона.

Станува збор за одлука која важи од првиот ден од 2025 година и Олмо не може да биде регистриран за моментално третопласираниот тим на шпанската Ла Лига. Барселона има рок до понеделник да поднесе жалба, која мора да ја поднесе до првостепениот суд.

Барселона својата жалба ќе ја заснова на фактот дека сите закони и прописи поврзани со регистрацијата се невалидни, бидејќи телото што се занимава со тоа и одлучува за тоа не е целосно надлежно, велат од Барселона.

Пред почетокот на актуелната сезона, 26-годишниот Дани Олмо дојде во Барселона од Лајпциг и уште тогаш имаше големи проблеми со регистрацијата. Целиот процес траеше долго, поради што шпанскиот репрезентативец пропушти дел од подготовките како и стартот на сезоната.

Поради сѐ, шпанските медиуми наведуваат дека продажбата на Олмо е можна во текот на јануари, а целата ситуација многу внимателно ја следи Манчестер Сити, кој претходно изрази желба да го доведе фудбалерот кој постигнал пет гола на 11 првенствени натпревари оваа сезона. Покрај тоа, Олмобеше стрелец и на еден погодок во Лигата на шампионите.