
Во петокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време, со повремени со сончеви периоди. Ќе дува умерен а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h.
Утринските температури се движат меѓу минус 5 и 5, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот од 0 до 9 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 8 степепени.