
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах беше еден од главните фудбалери во победата над Лестер со 3-1. Тој постигна еден од головите и сега има 16 од почетокот на сезоната во Премиер лигата, а тимот води во поредокот.
Египќанецот веќе има 100 голови во Премиер лигата на „Енфилд“.
-Ова е достигнување на кое сум горд. Продолжуваме да работиме напорно и се надевам дека ќе постигнеме уште многу голови. Најважно е тимот да победи. Мора да продолжиме во истиот дух како досега и да останеме скромни. Оваа сезона е посебна и верувам дека на крајот ќе славиме со титула, изјави ѕвездата на Ливерпул.