Цените на нафтата над 74 долари

Цените на нафтата благо пораснаа во понеделникот додека трговците ги очекуваат новите кинески и американски економски податоци кошто ќе бидат објавени подоцна седмицаваза да го проценат растот на двата најголеми потрошувачи на нафта во светот.

На лондонскиот пазар со барелот сирова нафта се тргуваше по цена повисока за 26 центи, од 74,43 долари. На американскиот пазар цената на барелот сирова нафта се зголеми за 58 центи, на 71,18 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно извести дека во петокот барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки чинел речиси исто како и претходниот трговски ден 73,91 долари.

Инвеститорите го исќекуваат кинескиот фабрички индекс на менаџерите за набавка во производството (PMI), кој треба да биде објавен во вторник, како и американското истражување за деловните активности анкета (ISM) за декември, што треба да биде објавено во петок.

На лондонскиот и американскиот пазар цените на нафтата пораснаа за околу 1,4 отсто минатата седмица, поттикнати од посилното од очекуваното намалување на залихите на сирова нафта во САД во седмицата којашто заврши на 20 декември, бидејќи рафинериите ја зголемија активноста а сезоната на годишни одмори ја зголеми побарувачката на горива.

Расположливиот капацитет во американските нафтени рафинерии се очекува да падне за 108.000 барели дневно во седмица што завршува на 3 јануари, објави во понеделникот истражувачката компанија „IIR Energy“.

Цените на нафтата ги поддржаа и позитивните очекувања за економскиот раст на Кина следната година, што би можело да ја зголеми побарувачката од најголемиот светски увозник на сурова нафта. Со цел да се стимулира растот, кинеските власти планираат да издадат специјални државни обврзници во вредност од три трилиони јуани (395 милијарди евра) и да ги зголемат фискалните стимулации за заживување на болната економија.

„Глобалната потрошувачка на нафта во 2024 година достигна рекордно високо ниво и покрај поточекуваната потрошувачка на Кина, а залихите на нафта следната година влегуваат на релативно ниски нивоа“, рече високиот стратег за суровини во компанијата „Marex“, Рајан Фицмаурис.