Сончево со умерена облачност

Утрото е студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 6 до 3, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 12 Целзиусови степени.

Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.