
Пацифичкиот остров Киритимати ја дочека Новата година во вторник, додека жителите на земјите ширум светот се подготвуваат да го прослават доаѓањето на 2025 година.
Киритимати е атол со околу пет илјади жители кој припаѓа на Република Кирибати, а секоја година е првата населена точка на Земјата која влегува во новата година, во 11 часот по македонско време.
Иако на самиот остров не се одржа новогодишна прослава, на другите острови во Тихиот Океан се планирани огномети и собири на отворено.
Првиот голем град што ќе ја пречека 2025 година е најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, во 12 часот по хрватско време. Таму на полноќ ќе биде пречекана со седум песни синхронизирани со ревија на светла, ласери и огномет. Новата година во Окленд ќе се дочека со 500 килограми пиротехнички средства лансирани од „Скај Тауер“, највисоката зграда на јужната хемисфера.
Новозеланѓаните почнаа да го планираат овој настан пред шест месеци, а за настапот мораа да поминат 14 километри струјни кабли и да програмираат 1.500 линии копјутерски кодови.
Сиднеј ќе ја дочека Новата година два часа зад Нов Зеланд со познатиот огномет во градското пристаниште, чии слики секоја година го обиколуваат светот. Во најголемиот град во Австралија се очекуваат повеќе од милион посетители, заедно со девет тони пиротехнички средства.
Последната населена област што ќе влезе во 2025 година е Американска Самоа, на крајниот запад од картата на светот.