
Битолчанка на 25 годишна возраст на свет донесе здраво женско бебе кое ќе се вика Миа, истакна мајката за време на посетата на ЈЗУ Клиничка болница-Битола што ја оствари градоначалникот Тони Коњановски.
Миа е првото новородено бебе во новата 2025 година, потврди Михајло Вангелов, раководител на одделението за гинекологија во ЈЗУ Клинична болница-Битола, додека од приватната болница „Плодност“ информираа дека првото новороденче е машко бебе.
Според востановената традиција, на новите жители на градот, градоначалникот Коњановски им додели пригодни новогодишни подароци.