
Поради уличен дефект на улицата Чедомир Кантарџиев број 3 во населба Црниче, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица и од Свети Наум Охридски, информираат денеска од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје.
Водоснабдувањето било прекинато од 10:45 часот, предвидено е прекинот да трае до санирање на дефектот.
Поради уличен дефект кај ресторан Имес во општина Карпош, прекинато водоснабдување утрово од 09:45 часот имаат дел од корисниците од булевар Илинден, улиците Драгиша Мишовиќ, Огражден, Пелистерска, Струма, Радика, Манапо, Карпошово Востание, Трифун Пановски и Роберт Кох.
ЈП Водовод и канализација Скопје информира дека прекинот ќе тра до санација на дефектот.