
Со прострелна рана во главата, без знаци на живот, денеска околу 18.50 часот во својот дом во Тетово бил пронајден 39-годишниот С.Н..
С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка, информираат од СВР Тетово.
Од тетовската полиција додаваат дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.