
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла има кај Неготино до 30 метри и Демир Капија до 50 метри, информираат од ЈП Македонијапат.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.