
Наутро е студено со услови за појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од минус 7 до минус 3, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 13 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината утрото е студено со појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и претежно тивко со мала облачност. Температурата ќе достигне до 9 степени.