Сончево со умерена облачност

Во недела утрото е студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од минус 8 до минус 2, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во опсегот од 5 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денекса по студеното утро, преку денот ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 6 степени.